Архива за: 10.11.2025

Анкетно истражување: Младите од Македонија позитивно гледаат на ЕУ, но се сомничави дека некогаш ќе стане нејзина членка!

Според Бојан Кордалов, директорот за политика и комуникација во Европскиот центар за извонредност – еден од изготвувачите на публикацијата „„Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Македонија“, ваквите резултати од спроведената анкета годинава во јуни со илјада млади луѓе од Македонија, главно студенти, се сериозен аларм и повик за акција.
„Ако не им се понудат вистински можности, стабилност и разбирање на младите луѓе во земјите-кандидати за ЕУ, тогаш тие би можеле да престанат да ја гледаат иднината на својата земја во ЕУ!“ – предупреди Кордалов.

Европската централна банка пресметува: Кога еврото ќе пристигне во нова форма?!

Се кројат плснови. Постојат стравувања дека стабилните монети поддржани од долари, за кои се залага американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле да добијат упориште во Европа, давајќи нов импулс за решавање на недоразбирањето.

Јовановски ја презеде функцијата градоначалник на Кичево: Ќе го градиме еднакво за сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност!

„Изборите завршија, посакувам мир за нашите граѓани. Можеби сум направил грешки и за секоја грешка се извинувам на секој граѓанин, кој можеби бил засегнат.“ – изјави досегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари на денешното примопредавање на должноста со новиот градоначалник д-р Александар Јовановски.

Кривична пријава и 30-дневен притвор за полицаец, оти крадел бакарни кабли во Скопје со тројца соизвршители

„Предлог за утврдување дисциплинска одговорност и задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија на полицаецот Н.А., сторител на оваа тешка кражба.“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пендаровски ја демантира „одлепената“ изјава на Фрчкоски и му порача да си го провери квалитетот на изворите со кои се дружи

Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, остро возврати на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата „Во Центар“, во која Фрчкоски во негативен контекст го споменува неговото име.

Невозможното стана возможно: „Македонските џинови“ ги освоија Алпите

Македонските ултрамаратонци Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски остварија неверојатен подвиг, истрчувајќи 330 километри низ величествените Алпи на легендарната трка „Трка на џиновите“ (Tor des Géants).

To top