Македонија

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид

Нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи

Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.

-Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во земјава.

Од Амбасадата посочуваат дека директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата.

Воедно, се додава во објавата, новата авио-линија ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.

Воведувањето на новата авио-линија пред околу два месеци ја најавија министерот за транспорт Александар Николоски и словачката амбасадорка во земјава Ивета Хрицова на средба во Скопје. Вицепремиерот Николоски тогаш истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на авиосообраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

Најнови вести од: Македонија

Дебакл на протестот кој се обиде да си го присвои една политичка партија

„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од Иницијативата, осудувајќи ги партиските упади и обидите за инструментализација на женското движење

To top