Македонија

ДС: Софија се плаши од Тони Менкиноски

Чин без преседан во земја членка на ЕУ со кој се ограничува правото на движење и професионален ангажман на адвокат само затоа што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права

Демократскиот сојуз го осуди потегот на властите во Софија да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува здруженијата на Македонците од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Од партијата оценуваат дека станува збор за чин без преседан во земја членка на Европската унија, со кој, како што наведуваат, се ограничува правото на движење и професионален ангажман на адвокат само затоа што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права.

Менкиноски: Црн печат на адвокат не бил ставен ни во Нирнбершките процеси

„Бугарија со оваа постапка пред цела Европа демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, соопшти Демократскиот сојуз.

Од таму посочуваат дека Европскиот суд досега донел 14 пресуди во корист на здруженијата на Македонците во Бугарија и оценуваат дека ваквиот потег на официјална Софија покажува „нервоза“ поради тие одлуки.

Демократскиот сојуз очекува реакција од европските и меѓународните организации за човекови права, а воедно ги повикува и македонските власти да испратат протестна нота до Софија.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top