Архива за: 13.11.2025

Аларм: Големите гиганти предупредуваат на опасностите од воведување на дигитално евро

Слободата е во суштината на принципите на Европската унија. Секој граѓанин на ЕУ може да живее, работи, студира и работи во која било земја членка на ЕУ. Еврото игра клучна улога во ова. Можеме да го користиме за купување или продавање стоки и услуги низ еврозоната. Важен придонес кон оваа слобода даваат евро банкнотите, за кои е одговорна Европската централна банка. Европејците сакаат да можат да плаќаат со готовина, што многумина го сметаат за суштинско за слободата: готовината е лесно достапна, инклузивна, универзално прифатена низ еврозоната и нуди највисоко ниво на заштита на приватноста.

Уништени 37 тони храна, сме јаделе производи со поминат рок

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на неделава, за време на вонредна контрола кај еден оператор со храна, запленија и нештетно уништија околу 37 тони јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи

Србија има нафта за уште десетина дена, Вучиќ бара решение

Следната недела е од големо значење за Нафтената инфдустрија на Србија (НИЦ). Рафинеријата може да издржи до 23-ти, 24-ти со резервите на нафта што ги имаме, а дотогаш мора да најдеме решение и да испратиме писмо до американската влада да нè ослободи од санкциите најмалку два месеци

Свето Тоевски: Македонија не би требало да прифаќа по налог на ЕК третман како безначајна „геоополитичка трева“, која би ја газеле „слоновите“ додека се тепаат меѓу себе

Не соодветствува со автентичните државно-национални интереси на Македонија и на нејзините граѓани најновата позиција, која ја изнесе еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, дека „земјите-кандидатки мора да направат геополитички избор на која страна се пред да влезат во ЕУ“. Спроведувањето на овој став дополнително би ја  усложнил ионака сложената ситуација, во која се наоѓа Македонија веќе изложена на сериозни критики во најновиот извештај на Европската комисија дека „не искажува резултати во реформите“ и оти „запаѓа во застој“.

Еврокомесарката Кос: Земјите-кандидатки мора да изберат на која страна се пред да влезат во ЕУ

„Би можеле да ја видиме Европа обединета за прв пат во ист дом, но тоа исто така значи и правење избори.“ – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервјуто, кое го даде за „Еуроњуз“ на Самитот за проширување, што се одржа во Брисел оваа седмица. „Ако се свртите кон Русија, или ако не примените санкции, тоа е нешто, што не можеме да го толерираме.“ – предупреди Кос.

Обилен дожд и ноќва низ цела Македонија, до кога?!

Поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот во Македонија во изминатите 12 часа до 19 часот на повеќе места беше врнежливо а повремено врнежите беа обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

To top