Македонија

Еврокомесарката Кос: Земјите-кандидатки мора да изберат на која страна се пред да влезат во ЕУ

„Би можеле да ја видиме Европа обединета за прв пат во ист дом, но тоа исто така значи и правење избори.“ – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервјуто, кое го даде за „Еуроњуз“ на Самитот за проширување, што се одржа во Брисел оваа седмица. „Ако се свртите кон Русија, или ако не примените санкции, тоа е нешто, што не можеме да го толерираме.“ – предупреди Кос.

„Земјите-кандидати, што чекаат да влезат во ЕУ, мора да направат геополитички избор и да се усогласат со блокот во врска со фундаменталните прашања пред да се приклучат кон блокот. Земјите-кандидати мора да донесат геополитичка одлука и да изберат на која страна се пред да влезат во блокот.“ – изјави за „Еуроњуз“ комесарката Марта Кос, задолжена за проширување на ЕУ.во интервјуто, кое го даде по претставувањето на нејзиниот годишен преглед.

„Земјите–кандидати, што чекаат да влезат во ЕУ, мора да направат геополитички избор и да се усогласат со блокот во врска со фундаменталните прашања пред да се приклучат кон блокот. Земјите–кандидати мора да донесат геополитичка одлука и да изберат на која страна се пред да влезат во блокот.“ – изјави за „Еуроњуз“ комесарката Марта Кос, задолжена за проширување на ЕУ.во интервјуто, кое го даде по претставувањето на нејзиниот годишен преглед.

„Еуроњуз“ наведува: Коментарите на Марта Кос доаѓаат откако Европската комисија оваа недела објави ажурирање na процесот на проширување за кандидатите, вклучувајќи ги Украина, Молдавија и од Западниот Балкан. По руската инвазија на Украина, ЕУ ги обнови застојаните напорите околу проширувањето, кои западнаа во застој, укажувајќи на геополитичката конкуренција за влијание во регионот.

ЕУ тврди дека сака да го зголеми блокот и исто така инсистира дека мора да се исполнат условите и оти новите членки мора да споделуваат фундаментални ставови за клучните прашања, со цел да се избегне повторување на унгарското искуство. „Унгарија  под премиерот Виктор Орбан, излезе од европскиот консензус и води агресивна политика на вето врз заедничките политики. За да се избегне ова, Европската комисија истражува посилни заштитни мерки кога станува збор за владеењето на правото врз основа на тоа дека е загриженост на државите-членки и на европските граѓани  земјите-кандидатки да ги исполнат своите ветувања, откако ќе влезат во ЕУ“ – рече Кос.

Двостепено членство?

На прашањето дали на новите земји-членки може да им се одземе целосното право на глас за време на пробниот период, Кос изјави за „Еуроњуз“ дека не е за двостепено членство. „Јас сум строго против тоа. Не можеме да имаме граѓани од втор ред.“ – додаде таа.

Еврокомесарката Марта Кос ги повика земјите-членки да дадат политички поттик, за да се прекине застојот во проширувањето како резултат на ветото на Орбан за Украина, кој го спречи отворањето на преговорите, влијаејќи и врз Молдавија.Во извештајот Европската комисија ја посочи Црна Гора како земја-фаворит за следно приклучување, заедно со Албанија. Исто така, ги пофали напорите на Молдавија и ја повика Украина да продолжи со својата реформска агенда, особено кога станува збор за справување со корупцијата. Комисијата забележа дека Киев постигнал значителен напредок во вонредни воени околности.

Во врска со Србија Марта Кос забележа дека земјата доживеала назадување во владеењето на правото и ја осуди прекумерната употреба на полициска сила за справување со демонстрантите. Владата на српскиот претседател Александар Вучиќ се соочува со вонредни протести веќе една година по фаталното уривање на покривот на железничката станица, во кое загинаа 16 лица. Комесарката Кос рече дека надворешната политика на претседателот Вучиќ – од Русија до санкции – е во спротивност со агендата на ЕУ. – објави „Еуроњуз“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top