Архива за: 07.01.2026

(Фото): Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми низ цела Македонија

Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда. Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации. Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.

Доналд Трамп со шокантен план за продажбата на барели нафта – станува збор за милиони

Трамп е дециден: нафтата ќе се продава по пазарна цена, но парите ќе останат под строга американска контрола. Додека Мадуро се соочува со тешки обвиненија за трговија со дрога, Белата куќа веќе ја отвора вратата за американските нафтени гиганти кои се подготвуваат за влез на венецуелскиот пазар.

На Божиќ се роди Миха, првото новороденче во Кочани во 2026 година

„Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на нашиот Бог, Исус Христос се раѓа и нова надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е јасна порака со која Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што многупати го кажавме, за повторно раѓање на Кочани и на кочанската болница.“ – изјави градоначалникот на Кочани Влатко Грозданов.

Цените на недвижностите ќе стагнираат – Може ли реално едно просечно семејство да си купи стан?!

Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните. Сепак, експертите предупредуваат дека продолжениот раст на цените има пошироки економски и политички последици, од продлабочување на социјалните разлики, до зголемена миграција на младите. Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните.

Жесток студен бран и хаос во сообраќајот низ Европа: загинаа најмалку шестмина

Ниските температури во Европа предизвикаа хаос во сообраќајот во вторникот, при што шест лица загинаа во несреќи поврзани со временските услови за време на најлутиот студен бран на континентот досега оваа зима. Откако температурата падна во понеделник, петмина загинаа во Франција, а една жена во Босна, откако обилните снежни врнежи и дожд предизвикаа поплави и прекини во електричната енергија низ целиот Балкан. 

Ѓорѓиевски: Божиќ нѐ потсетува колку е важно да стоиме еден до друг, сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството!

„Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија.“ – порача во својата честитка по повод Божиќ градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Вицепремиерот Фетаи остро го осуди случајот со малолетничката во Слупчане

Вицепремиерот Арбен Фетаи „со најголема острина ги осудува тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што денес беше објавено во медиумите“. Тој изразува целосна поддршка за итните дејства на Министерството за внатрешни работи и очекува Јавното обвинителство да постапи со итност, решителност и професионализам за да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни, без никаков компромис. 

To top