Македонија

Во Прилеп Божикен ручек за 500 деца од цела Македонија

Божикниот ручек под мотото „Едно небо за сите деца“ по јубилеен, 20-ти пат го организира невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“.

Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. -Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и да бидеме здрави и живи. Не сакам ништо материјално, мене ми треба само љубов, рече десетгодишниот Давид Котески од Прилеп, кој беше на заедничкиот Божикен ручек.

– Атмосферата е прекрасна. Имаме деца од Прилеп, од Битола, Охрид, Струмица, од Скопје, Тетово и од други места, од различни целни групи и од сите верски конфесии. Целта е децата да не познаваат разлики меѓу нив, да има толеранција и да растат другарството и заедништвото, рече Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп.


Епископот Велички Никола го благослови ручекот и рече дека ние возрасните треба да побараме прошка од децата и да го направиме светот подобар. -Како што денеска дојдовме во храмовите да се поклониме на богомладенецот Христос, така дојдовме овде да се поклониме над чистотата и убавината на детската возраст, и, како возрасни, да побараме прошка од децата бидејќи светот кој ние го создадовме не е баш најубав и уште многу можеме да правиме, секој од нас, најпрво преку личното преобразување и да направиме овој свет што им го оставаме на идните генерации да биде подобар, порача епископот Велички Никола.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски нагласи дека оваа традиција локалната самоуправа ја поддржува и на децата им подели новогодишни пакетчиња. – Остануваме поддржувачи на овој настан и се надевам дека ваквата детска радост ќе ја има одбележи целата 2026 година, рече Проданоски.

.

Најнови вести од: Македонија

Битка за статусот: Се крои извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО

Се подготвува извештајот од страна на македонските власти а формиран е и кризен штаб кој работи на препораките и обврските за заштита на природните и културните вредности на охридскиот регион. Министерот за култура Љутков во февруари очекува позитивна оценка од Унеско, вели направено е доста но потребна е комуникација и со албанската страна.

(Видео): Филипче призна: СДСМ имаше разочарувања и турбуленции

Нека слушнат добро во Белата палата и во Владата, мислеа дека сме на колена, зборуваа дека сме готови. Штотуку почнавме, СДСМ се разбуди, а кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно, рече Филипче во воведното обраќање на партискиот Конгрес.

Колкави се паричните казни што ги носи „Безбеден град“?!

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

To top