Македонија

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Катастрофална е состојбата по поплавите на улицата „Прилепска“ во Кичево. Жителите загрижени, ги чистат своите домови кои се полни со вода, откако реката Зајаз, која минува покрај населбата, излезе од коритото. По поплавите, откако беа сместени во спортската сала, ги посети градоначалникот на Кичево. Тој вели дека им се обезбедни душеци, греење и храна. Поради големото количество на вода службите не можат да влезат со механизација да го расчистат теренот. Формиран е кризен штаб, ќе ги посетуваат лекари два пати дневно и ќе бидат ангажирани хигиеничарки од општината да ја одржуваат хигиената.

Планот на општината е откако ќе се повлече нивото на реката, да се направи конечно насип за да не се излева реката при обилни дождови. На неколку години при непогодно време, постојано им се поплавуваат домовите на овие жители бидејќи живеат многу блиску до реката.

Обилните врнежи од дожд во изминатите неколку денови предизвикаа сериозни поплави, одрони и проблеми во сообраќајот низ цела држава. Поплавени се домови, подруми, магацини а уништени се и земјоделски површини. Една од покритичните точки покрај Охрид и Кичево е и Ресен. Надојдената вода предизвикала сериозни материјални штети а ја загадила и водата за пиење.

Од УХМР велат дека и понатаму најкритични се реките Вардар, Треска, Црна Река, Крива Река и Пчиња. Педупредуваат за претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Најнови вести од: Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

To top