Новинарот Богдан Илиевски остро го осуди бруталното насилство врз Сара во Охрид, изразувајќи длабок револт и поради одлуката на судот осомничениот да добие само мерки на претпазливост наместо притвор. Илиевски истакна дека не може да разбере како, и покрај постојаното јавно говорење против насилството и подигнувањето на свеста за овој проблем, повторно се случуваат вакви случаи.
Тој посочи дека станува збор за целосно отсуство на елементарно чувство за пристојност и човечност. Особено остро реагираше на судската одлука, прашувајќи каква порака се испраќа со изрекувањето само мерки на претпазливост.
„Да е моја ќерка ни во затвор нема да може да се скрие. Ни на другиот свет“, напиша Богдан Илиевски.
Тој ѝ посака брзо закрепнување на повредената девојка и побара строга санкција за осомничениот. Во своето обраќање упати и директна порака до судиите и обвинителите да размислат за сериозноста на ваквите случаи.
Инаку, утрово и мајката на претепаната Сара се огласи со статус.