Македонија

Давеник исчезнал во Охридско езеро

Димоски не ја потврдува ниту ја демантира трагедијата

Според неофицијални информации во текот на попладнево во водите на Охридското езеро е видено тело на давеник.

Според граѓани очевидци на настанот на забележување на телото, давеникот го загубил животот во езерските води во близина на селото Трпејца.

Засега нема детали за идентитетот на давеникот.

Express.mk го контактираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски кој ниту го потврдува ниту го демантира трагичниот случај во кој според засега неофицијални информации едно лице се удавило.

Димоски најавува дека СВР Охрид наскоро ќе излезе со информации за трагедијата.

Најнова вест:

 

Засега без најава кога ќе продолжи потрагата

Далга ја прекина потрагата по телото на бугарскиот нуркач кај Трпејца

 

Давеникот е нуркач од Бугарија

Давеникот кај Трпејца е бугарски државјанин

 

Најчитани статии

 

Роден е во Тетово, учел во Македонија, лекува Папи и Кралеви, најде решение за светски проблем

Македонскиот доктор чија метода може да го спаси светот од една од најголемите здравствени закани за човештвото

 

Поврзани вести

Најнова вест: Давеникот кај Трпејца е нуркач

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top