Бизнис

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања,  за можностите за економски напредок на регионот, како и за инвестициите во инфраструктурата, зборуваше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој се обрати на 23-от Виенски економски форум.

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

  • “Наш предизвик, но истовремено и наша задача, е да соработуваме сите економии што ги претставуваме. Без разлика дали станува збор за мојата земја или за која било друга земја од регионот, факт е дека нашите економии се премногу мали за да бидат конкурентни на глобалниот пазар. Дури и целиот регион, гледан како една целина, е премал за самостојно да биде глобално конкурентен. Токму затоа треба да соработуваме.  Свесен сум дека тоа не е лесна задача, имајќи ги предвид политичките предизвици, политичкото минато и историското наследство на регионот. Но, и покрај тоа, тоа е задача што мораме да ја преземеме и на која мораме заеднички да работиме”, се обрати Николоски.

Додаде дека вистинското прашање во следниот период  е дали земјите од регионот ќе успееме да го подигнеме квалитетот што го нудиме.  Тој на форумот ги потенцира развојните проекти што се реализираат во Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура.

  • “Што се однесува до железницата, се наоѓаме во многу напредна фаза на подготовка за започнување на работите на проектот за брза железница, која ќе се протега од границата со Грција до границата со Србија. Oчекувам изградбата да започне на пролет. Станува збор за огромен проект, кој ќе биде најголемиот поединечен инфраструктурен проект во Југоисточна Европа, со инвестиција од приближно две милијарди евра.

Во однос на Коридорот 8, успеавме да постигнеме договор со Бугарија за железничкото поврзување. Двете страни веќе работат на реализацијата на проектот. Ние веќе инвестираме околу 810 милиони евра во железничкото поврзување, а Бугарија презема слични активности на своја територија. Во понапредна фаза е автопатското поврзување, каде што двете страни вложуваат значителни напори. Од наша страна, работите се завршени до границата со Бугарија, односно веќе имаме изградено автопат или експресен пат.  Заедно со Европската Унија работиме и на западната железничка врска со Албанија.

Кога ќе се соберат сите овие активности, станува збор за инвестиции од приближно пет до шест милијарди евра во овие коридори. Нашата цел е земјата да стане важна крстосница, со што ќе придонесеме не само за растот на бизнисот и економијата, туку и за зајакнување на безбедноста” – се обрати Николоски на глобалниот форум.

Најнови вести од: Бизнис

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Фестивалот е и многу повеќе од прослава на младото вино, тој е прослава на луѓето, заедништвото, љубовта и вербата во иднината. Токму тие вредности се во сржта на филозофијата на „Тиквеш“, компанија која ја надградува својата богата традиција со знаење, иновации и современи пристапи, останувајќи посветена на создавањето вина и искуства што ги поврзуваат луѓето.

ЕВН вработува инженери, огласот е отворен до 23 ноември

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно електротехничко образование – IV степен, насока енергетика. Дополнителни квалификации за работа под напон, положен стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и познавање компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

To top