Македонија

Проблемот со кравите во Крива Паланка ќе се решава со акциски план

Објавен предлог акциски план за решавање на ,,Кравјиот проблем” во Крива Паланка

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Крива Паланка бараат свикување вонредна седница на која ќе презентираат акциски план за решавање на акутниот проблем со хаосот стадото неконтролирани крави низ градот.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка и пратеник, Емил Спасовски, го обвинува градоначалникот Сашко Митовски дека наместо да преземе конкретни мерки, одржувал прес-конференции а одговорноста ја префрла на други институции.

Спасовски вели дека, согласно законските надлежности, Општината и градоначалникот имаат обврска да го отстранат крупниот добиток од јавните површини, да го сместат на соодветно место и да ја повикаат Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување.

Спасовски вели дека на состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство, одржан минатата недела, на градоначалникот му било укажано дека дел од обврските се во надлежност на Општината. Според Спасовски, проблемот трае повеќе од десет години, иако СДСМ имал власт во Крива Паланка од 2017 до 2024 година, а Митовски е градоначалник во втор мандат.

На вонредната седница која ја бараат, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе достават и акциски план со конкретни активности што се во надлежност на локалната самоуправа. Спасовски го повика претседателот на Советот, Миле Трајковски, веднаш да ја закаже седницата и да се усвојат мерки за решавање на проблемот.

Тој додаде дека досега биле собрани околу 100 грла добиток и оцени дека со предложената иницијатива процесот може дополнително да се забрза.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

To top