Познатите македонски уметници Ана и Игор Дурловски повторно ќе застанат заедно пред публиката. Двојката, која низ годините споделила многу сцени и музички приказни, најавува посебен концерт во родниот град.
„Посебно е чувството кога можеме да застанеме заедно пред нашата публика, дома, во Скопје во Македонија. Ќе ни биде чест и радост да се видиме“, истакнуваат тие.
Концертот ќе се одржи на 6 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 20:00 часот. Настанот носи наслов „Завет“.