СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
- „Фактите се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери. Затоа, обидите на СДС оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДС и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава дека ова е веќе препознатлив и виден модел на политичко дејствување на СДСМ – најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека нема да дозволат неодговорни политички конструкции да ја нарушат довербата во финансискиот систем.
- „Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДС, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства. Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДС, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните“, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.