Просечната месечна нето-плата по вработен во Македонија во септември изнесувала 49.141 денар или 799 евра, што претставува зголемување од 8,1 процент во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Растот на просечната исплатена нето-плата, според статистичките податоци, најмногу се должи на зголемувањето на примањата во секторот снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и санација на околината, каде што е регистриран раст од 11,6 проценти.
Највисоката просечна нето плата во регионот од 1.699 евра е регистрирана во Словенија, следуваат Хрватска со 1,543, Црна Гора со 1.043, Србија со 1.002 и Босна и Херцеговина со 886.