Македонија

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Шасивари потсети дека проблемот со години бил отворен пред Министерството за правда и дека, како што наведува, осум поранешни министри за правда Албанци од редовите на ДУИ имале можност да го решат, но тоа не го сториле.

„Јазичните права не се партиска сопственост, ниту се политички капитал на кој било поединец или политичка партија. Тие се права на граѓаните, а нивното обезбедување е обврска на институциите“, порача Шасивари.

Тој нагласи дека Министерството работи на законско и долгорочно решение што ќе обезбеди еднакви можности за сите кандидати, со истовремено почитување на јазичната инклузивност и професионалните стандарди.

Шасивари најави дека ќе побараат мислење од Венецијанската комисија, оценувајќи дека нејзината правна процена ќе придонесе за сигурноста и одржливоста на решението. Според него, процесот е отворен и вклучува консултации со деканите на правните факултети и студентските претставници.

„ДУИ нема монопол ниту врз Охридскиот рамковен договор, ниту врз албанскиот јазик, ниту врз правата на Албанците“, истакна министерот.

Тој додаде дека на 27 ноември Ахмети ќе има можност своите забелешки да им ги пренесе на известителите на Венецијанската комисија во Собранието.

„Ние нема да водиме политика со правата на граѓаните. Ќе ги решаваме проблемите што другите со децении ги оставиле нерешени“, порача Шасивари.

Најнови вести од: Македонија

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

Николоски: Патарини без рампи, плаќање според изминати километри, ќе почне првин на автопатот Кичево-Охрид

Возачите во иднина би можеле да плаќаат патарина според реално изминатата километража, наместо фиксна сума на наплатните станици. Новиот модел предвидува електронска наплата без физичко запирање на возилата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се подготвува закон за воведување на системот, при што ќе биде користена и експертска помош од Европската транспортна заедница. Според […]

Јаневска за бесмислиците на ДУИ за ученичките стипендии: Не ги доделуваме според етникум, туку според исполнети критериуми!

Министерството за образование и наука ги добива пријавите за ученички стипендии под шифра, а кој ќе добие стипендија зависи од тоа дали ги исполнува условите на конкурсот, вели министерката Весна Јаневска. Таа во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ 1 беше прашана за реакцијата на ДУИ дека од 817 ученички стипендии за тековната учебна година, само 80 им припаднале на ученици Албанци.

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација, што решава проблеми, а не создава нови!

Граѓаните не смеат да губат време по институциите поради неефикасноста на администрацијата, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој најави дека реформите треба да донесат поквалитетни услуги, поголема професионалност и одговорност од административните службеници.

Лекари бараат заштита од насилни пециентии нивни „роднини“

Потребни се конкретни законски механизми за заштита на здравствените работници, јасно дефинирани обврски за здравствените установи и соодветни услови за безбедно извршување на здравствената дејност

Грција протеруваше Македонци за да се населат грчки бегалци од Мала Азија

Во репортажата со наслов „Протерани од Македонија“ од 1925-та се опишуваат методите со кои, според сведочењето на американскиот новинар, македонски семејства од селата во Грција биле принудувани да ги напуштат своите домови за на нивно место да бидат сместени грчки бегалци од Мала Азија

Најнови вести

To top