Македонија

СДСМ и Филипче не ја објавија средбата со Рама во Битола

На објавените фотографии од Битола отсуствува македонското државно знаме

Screenshot

Фотографија од средбата меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во албанскиот конзулат во Битола привлече внимание во јавноста поради знамињата поставени во просторијата. На објавената фотографија се гледаат знамињата на Албанија и на НАТО, но не и македонското државно знаме.

Рама ја споделил фотографијата на својот профил на Фејсбук, како дел од серијата фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука. Меѓу нив е и фотографија од разговорот со Филипче.

Истата фотографија ја објавил и Агрон Демири, член на Извршниот одбор на СДСМ, но неговата објава била избришана кратко потоа.

Филипче и СДСМ, пак, не ја објавиле средбата на своите официјални профили на социјалните мрежи

Најнови вести од: Македонија

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Голем број волонтери – членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“

To top