За 37-годишниот лекар од итната медицинска помош,
д-р Хозе Елиас Ортега (Dr. José Elías Ortega), паметниот часовник некогаш служел само за броење чекори, управување со известувањата и следење на времето.
Но, пред неколку години, неговиот Galaxy Watch му помогна да донесе клучна одлука додека бил во посета на мајка си, која живее сама.
Едно утро, по ноќна смена во болницата, д-р Хозе Елиас Ортега ја пронашол мајка си на подот. Таа се обидувала да стане, но не можела да го фокусира погледот, ниту да му одговори. Потпирајќи се на своето медицинско образование, тој се посомневал на мозочен удар. Тогаш се сетил на својот Galaxy Watch, па брзо ѝ го ставил на зглобот за да ги провери нејзините витални показатели.

Часовникот открил дека нејзината сатурација со кислород е под нормалата, што ја променило првичната проценка на д-р Хозе Елиас Ортега. Тој ѝ дал кислород и ја однел во болница, каде што медицинскиот тим ѝ дијагностицирал пневмонија поврзана со грип. За среќа, неговата мајка се стабилизирала и подоцна била пуштена од болница.
“Да го немав часовникот при рака… немаше да сфатиме дека нејзиниот проблем е респираторен“, рече д-р Хозе Елиас Ортега.
Спасувањето на неговата мајка беше само почеток на тоа како Galaxy Watch ја промени неговата животна приказна. Исто така, му помогна на д-р Хозе Елиас Ортега во неговата лична борба со ракот на тироидната жлезда, помагајќи му да ги подобри своите навики за спиење и активност.
За д-р Хозе Елиас Ортега, обете искуства ја покажуваат вредноста на откривањето на здравствени сигнали што многумина лесно можат да ги пропуштат. Наместо да го заменат професионалниот медицински третман, ваквите податоци од уредите за носење ги информираат корисниците за потенцијални здравствени проблеми за да можат да побараат нега порано.
Дознајте повеќе за приказната на д-р Хозе Елиас Ортега во видеото на следниот линк.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.