Бизнис

Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки

Континуираното унапредување на правата на вработените, подобрувањето на условите за работа, професионалниот развој и значењето на отворениот социјален дијалог беа во фокусот на средбата на менаџментот на ТИТАН Усје со претставници на синдикатите.

На средбата присуствуваа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски, претседателот на Синдикатот на ТИТАН Усје, Горан Јанковски, и генералниот извршен директор на компанијата, Константинос Николаоу.

Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки. Посебно внимание беше посветено на високите стандарди за безбедност и здравје при работа, кои се имплементирани во компанијата и континуирано се унапредуваат.

Менаџментот на ТИТАН Усје ги запозна претставниците на синдикатите и со инвестициите во модернизација на производствените процеси, како и со значењето на овие инвестиции за подобрување на работните услови, развој на нови компетенции кај вработените и долгорочна одржливост на работните места.

Трендафилов и Пешевски изразија задоволство од досегашната соработка со менаџментот и со Синдикатот на ТИТАН Усје, нагласувајќи ја важноста на отворениот и конструктивен дијалог како основа за континуирано унапредување на работничките права. На средбата беше истакнато и значењето на ТИТАН Усје како еден од столбовите на македонската индустрија и економскиот развој на земјата.

Претседателот на Синдикатот на ТИТАН Усје, Горан Јанковски, посочи дека на вработените во компанијата им се овозможуваат континуирани обуки за професионален развој, безбедност и здравје при работа, како и за стекнување нови знаења и вештини. Тој ја истакна и континуираната грижа на компанијата за добросостојбата на вработените и нивните семејства. На средбата беше договорено дополнително зајакнување на соработката меѓу компанијата и синдикатите, со заедничка заложба за натамошно унапредување на работничките права и условите за работа.

Претставниците на синдикатите ја нагласија важноста на континуираниот социјален дијалог и во контекст на глобалните технолошки промени, дигитализацијата и развојот на вештачката интелигенција, кои носат нови предизвици за пазарот на трудот.

ТИТАН Усје обезбедува 249 директни и околу 6.700 индиректни работни места преку своите добавувачи, клиенти и пошироката економска активност, што претставува приближно еден отсто од вкупната вработеност во земјата. Како одговорен работодавач, компанијата останува посветена на создавањето безбедна, стимулативна и стабилна работна средина, во која социјалниот дијалог и партнерскиот однос со вработените се составен дел од нејзиното работење.

Најнови вести од: Бизнис

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Се проширува пристапот до парите на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат

И физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во АЛТА банка АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.

Вештачката интелигенција отвора можности за раст на продуктивноста во регионот, рече Вицегувернерката Митреска

Приоритет за регионот треба да биде поддршката за малите и средните претпријатија, развојот на дигиталните вештини и инвестициите во инфраструктурата, со цел придобивките од вештачката интелигенција да се преточат во повисока продуктивност и побрзо економско приближување кон ЕУ.

Фирмите можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки 

Доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа, соопшти Народната банка

To top