Во духот на претстојните празници, МТЕЛ ја претставува својата новогодишна кампања „Оваа година повеќе за тебе“. Со атрактивни поволности, повеќе интернет и побогата телевизиска забава, МТЕЛ се погрижи оваа празнична сезона да донесе нешто посебно за своите корисници.
Празниците се можност да бидеме поблиску до оние што ни значат. Со мобилните постпејд пакети mCONNECT, МТЕЛ овозможува неограничени разговори и 50% попуст на месечната претплата во првите три месеци.
Добри вести има и за новите припејд корисници – повеќе гигабајти по истите цени. Со mSTART 14, наместо 14 GB, добиваат 25 GB за 250 денари, додека со mSTART 20 добиваат двојно повеќе интернет – 40 GB за 499 денари. Интернетот во двата пакета е со важност од 30 дена. Двојно повеќе интернет носи и mSTART HELLO – по 10 GB месечно во текот на три месеци, за 700 денари.
За љубителите на добрата телевизиска забава, МТЕЛ подготви посебно изненадување – MOVE, првиот месец за 1 денар! Од омилените филмови и серии до возбудливите спортски натпревари и содржините за најмладите, MOVE нуди забава за целото семејство, достапна на различни уреди.
Празничната забава веќе започна и за корисниците на сателитската телевизија m:SAT, кои до крајот на јануари можат да уживаат во дополнителни ТВ канали без доплата.
Со повеќе можности за комуникација и забава, МТЕЛ се погрижи овогодишните празници да донесат нешто повеќе за секого.
Новогодишната понуда е достапна до 31 јануари 2027 година. Повеќе информации и целосните услови за користење на поволностите се достапни на www.mtel.mk, преку контакт центарот на бројот 15010 и во сите продажни салони на МТЕЛ.