Македонија

Одбил огромни пари за да го препее македонскиот хит на српски – Спасен го спаси достоинството на македонските музичари (ВИДЕО)

Во подкастот вели дека поважно од парите е честа и не сака неговите деца да се срамат од него

Еден од најпопуларните Малински пејачи и автори Спасен Сиљановски го спасил достоинството на македонските музичари откако одбил огромни пари за да препее македонски хит на српски јазик.

Сиљановски во подкастот Веритас раскажува како му пристапил српски продуцент кој му нудел богат договор за да издаде десет песни од кои само една требало да биде на македонски јазик.

Спасен одбил и да го препее неговиот огромен хит ,,Ќе ти дојдам јас го зла доба” затоа што сметал дека тој се слуша во Србија на македонски јазик.

Тој вели дека во Македонија никој од српските пејачки не мора да ги препеевааг песните на македонски јазик и затоа и тој не се согласил да ја препее македонската песна на српски јазик.

 

Во подкастот вели дека поважно од парите е честа и не сака неговите деца да се срамат од него.

 

Дел од подкастот на оваа тема на овој линк

 

https://www.facebook.com/share/r/1B3D9fCvPE/

Целиот подкаст со Спасен

 

Песната хит која српските продуценти барале Силјановски да ја препее на српски.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top