Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мерките за купување стан со 20 отсто пониска цена од просечната или ослободување од комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 35 години се прошируваат со можностa барем еден од брачните партнери да биде на возраст до 35 години, информираше премиерот Христијан Мицкоски. На собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека двата специјални закона се во изработка и оти очекува во декември да бидат пред пратениците, а од следната година да почнат да се имплементираат.

Со првата мерка, брачен пар до 35 години или пар каде најмалку еден член е до 35 години, ќе се стекне со право да користи 20 отсто попуст на станбена површина споредено со просекот од претходната година за соодветната катастарска општина. Мицкоски изнесе бројки од анализата на Агенцијата за катасар и недвижности за првите три квартали од оваа година.

  • Во првите три квартали во катастарска општина Центар просечно квадратот се продавал по 1.915 евра. Толку има заведено катастарот. Дали градежните компании продавале по таа цена или не продавале, не знам, но толку стои во договорот и за толку платиле данок. Со 20 проценти попуст, квадратот ќе биде 1.530 евра. Следната година тој кој што ќе сака да добие дозвола за градба на станбена единица мора најпрво да оддели 10 отсто станбена површина за овие луѓе кои ги исполнуваат условите согласно законот – појасни Мицкоски.

Во Карпош просечната цена евидентирана во катастарот во првите три квартали е 1.386 евра за квадрат. Со попуст цената ќе биде 1.110 евра за квадрат. Во Охрид просекот бил 1.138 евра, а со попуст цената ќе биде 911 евра за квадрат. Во Струмица квадратот чини 751 евро, а со попуст ќе биде 601 евро. За Битола просекот во првите три квартали од оваа година е 525 евра квадрат, а со попуст цената ќе биде 420 евра. Во Кавадарци просекот е 795 евра квадрат, со попуст 636 евра. Во Гостивар просекот е 635 евра, со попуст ќе биде 508 евра. Во Тетово просекот е 785 евра, а со попуст ќе биде 627 евра, додека во Штип просекот е 810 евра, а со попуст ќе биде 648,5 евра за квадрат.

  • Ова ќе бидат цените со кои што тие кои што ќе ги исполнуваат условите ќе можат да се стекнат со право да влезат во овој процес. Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина, за оваа мерка за младите, со која што цениме дека тие ќе го решат своето најгорливо прашање, а тоа е домувањето – рече Мицкоски.

Во врска со втората мерка премиерот упати порака до ЗЕЛС и до градоначалниците да парцелизираат и да урбанизираат површина што потоа ќе се продава преку јавно наддавање на младите парови, и додаде дека ги советува почетната цена да биде едно евро за квадрат, а потоа и да бидат ослободени од комуналии ако градат куќа.

  • Цениме дека овие две мерки ќе додадат вредност врз квалитетот на живот на младите и оти на овој начин ќе се отвори еден вид ривалитет од општина во општина кои што практично се обидуваат да привлечат што е можно повеќе брачни парови кои што ги исполнуваат овие услови. Ги повикувам и градоначалниците да размислат и дополнително да дадат попуст – истакна Мицкоски.

Тој посочи дека ќе го доразработат законското решение со Министерството за транспорт.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

Откриени незаконски наплати кај финансиските друштва: треба да им вратат повеќе од 2,3 милиони евра на 26 илјади граѓани!

Над 140 милиони денари, или повеќе од 2,3 милиони евра, ќе треба да им бидат вратени на граѓаните кои користеле потрошувачки кредити од финансиски друштва. Државниот пазарен инспекторат утврдил низа незаконитости при контролите на сите 27 финансиски друштва во Македонија, а со мерките се опфатени повеќе од 26.000 граѓани.

Ангеловски за договорите со Грција и Бугарија: Историјата до средниот век ѝ ја продадоа на Атина, а од средниот век на Софија!

Историјата им ја продадоја на официјална Атина. Таа историја до средниот век и ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата за „Македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК Страшо Ангеловски.

Мицкоски за правосудниот испит: Се чека мислење од Венецијанската комисија, кое е задолжително за преговорите со ЕУ! – Никој не барал решение 20 години!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање.

Брисел и Кос упорно бараат идентитетско „масакрирање“ на Уставот и бугаризирање на Македонија и Македонците во име на „темелните европски вредности“! (2)

ЕУ наведува во својата „Бриселска декларација“ од вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“. Меѓутоа, од друга страна ЕУ не само што „замижува“ кон агресивниот бугарски ревизионизам на македонската автентична историја, туку и сесрдно го поддржува. Тешко европско противречие на ЕУ сама на себе: со празни зборови вели дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“, а од друга страна бара Македонија и нејзината влада да се согласат со злогласниот „Француски предлог“ и великобугарските врховистички ултиматуми на официјална Софија Македонците „да прифатат и да признаат дека бугарски корени имаат и тие како народ и нивната историја и нивниот јазик“! За Румен Радев, Илијана Јотова и другите од бугарската политичка елита ова е „европска вредност“, која Македонија и Македонците мора беспоговорно да ја прифатат. Македонците ќе ја прифатат на „Свети Никогаш“! Но кога, пак, бугарските политичари ќе прифатат и ќе признаат дека  Бугарите дека се словенизиран и македонизиран народ, денес секако со свој различен бугарски идентитет, кој во минатите векови го презел македонскиот јазик и денес го говори него?! А што е апсолутна вистина, со аргументи потврдена од врвни европски и светски експерти! 

To top