Македонија

Кулинарски триумф на „Куба Либре“ и „Инекс Олгица” на самитот ,,Брдо – Бриони”

Воодушевени учесници на Самитот Брдо-Бриони: Високо ниво на услуга и одлична кујна во „Куба Либре“ и „Инекс Олгица”

Учесниците на Самитот Брдо-Бриони останале воодушевени од гастрономското доживување што им било овозможено за време на свечената вечера во ресторанот „Куба Либре“ и официјалниот ручек во хотелот „Инекс Олгица“.

На двете настани беше сервирана богата понуда што ги комбинирала најдобрите традиционални македонски специјалитети со избор од светски кујни, велат диоломатски извори од земја од регионот кои учествувале на самитот.

Гостите уживале во автентични македонски јадења подготвени со локални состојки, дополнети со интернационални вкусови, додека на масата доминираа квалитетни македонски вина кои совршено го надополнија целокупното искуство.

Најголеми пофалби, сепак, добиваат високото ниво на услуга и професионалниот пристап на персоналот во двата објекти.

Дел од учесниците особено ги истакнуваат беспрекорната организација, вниманието кон деталите и срдечното, но дискретно однесување на вработените во „Куба Либре“ и „Инекс Олгица“, кои создале атмосфера достојна за важен меѓународен настан.

Самитот Брдо-Бриони уште еднаш покажа дека Македонија има што да понуди не само во политичкиот дијалог, туку и во областа на угостителството и гастрономијата на највисоко ниво.

За разлика од хотелот ,,Инекс Горица” чиј квалитет на уалугата е широко познат од предходно, набљудувачите се изненадени од ,,Куба Либре” кој повеќе е познат како ,,Лаунџ Бар”.

За време на свечената вечера во ,,Куба Либре” гостите биле воодушевени од можност да го видат осветлениот Охрид во есенска атмосфера.

Иако гостите на Брдо – Бриони не можеле да уживаат во вистинската сончева варијанта сепак тие заминале со прекрасни сеќавање од Охрид, вели еден член на делегациите кој преходно бил во Охрид но признава дека по искуството во ,,Куба Либре” и ,,Инекс Олгица” поинаку ги гледа градот и цела Македонија.

Вкупно над 100 лидери, дипломати и членови на делегациите беа дел од меѓународниот настан во Охрид каде што достојно беше презентирана Македонија во сите сегменти.

Фотографиите се објавени од Денис Бечировиќ, член на Претседателството на БИХ и други дипломати

Најнови вести од: Македонија

Кој ќе биде најдобар во Македонија? Дваесет средношколски бизнис-идеи во трка за еден милион денари

Дваесетте најдобри средношколски бизнис-идеи денеска ќе бидат презентирани пред стручно жири во големото финале на натпреварот за најдобра бизнис-идеја, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, со поддршка на Министерството за образование и наука.

To top