Патните правци низ државата се целосно проодни, а сите забрани за сообраќај се укинати, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Од претпријатието информираат дека дежурните екипи остануваат на терен и ја следат состојбата на патиштата, особено на повисоките планински превои.
„Македонија пат“ ги повикува возачите да возат внимателно, да имаат зимска опрема и брзината да ја прилагодуваат на условите на патот.