Македонија

Бранејќи го Тричкоски внуката на авторот на македонската химна влезе во замка за нејзиниот дедо Владо Малески

На потег е интелектуалната која со себе го носи и бремето на контроверзите на нејзиниот татко

Во обид кој според Бранко Героски е насочен кон одбрана на идеологот на СДСМ Бранко Тричковски, внуката на авторот на македонската химна влезе во замка за нејзиниот дедо Владо Малески.

Откако Калина Малеска која е внука на Владо а ќерка на Денко Малески ги критикува тие (Бранко Героски) што наводно не дозволувале дебата и изложување на различни мислења, Героски и одговара директно со конкретно прашање кое задира во суштината на македонската нација која претходно (ин)директно ја проблематизираше и нејзиниот татко.

 

Героски ја прашува Калина Малеска дали како нормален го прифаќа и ставот на Тричковски за македонската национална и државна ода според кој: „Химната е шкрипотина од неподмачката врата која прави проблеми и во соседството”.

На потег е Калина Малеска.

Одговорот на ова прашање од ќерката на контроверзниот Денко и внуката на славниот Македонец Владо ќе го даде одговорот дали наследниците на авторот на македонската химна ,,Денес над Македонија се раѓа” се ,,слободари” и борци за слобода на различни мислење или во нивниот јавен настап и односот кон Македонија каква што ја опишал дедото Владо, има мистерии кои обичната македонска јавност не може да ги разбере.

 

Што пишува во ,,писмото” на Героски до Калина Малеска:

 

Почитувана Калина Малеска, дали и Тричковата брутална дисквалификација на химната,,,,,, чиј автор е вашиот дедо Владо Малески, е „различно мислење“?

Можеби внуката на Владо Малески во Тричковата критика на химната видела аргументи што јас не можам да ги видам. Можеби ќе најде начин да застане на Тричкова страна, наспроти мене и наспроти нас кои си ја сакаме химната и го почитуваме делото на нејзиниот славен дедо. Ајде и тоа чудо да го видиме…

Под наслов „Доволно зрели да прифатиме различни мислења?“, во колумна на порталот Окно, почитуваната Калина Малеска ме обвинува дека замолчувам книжевна критика, дека обесхрабрувам полемика, дека сосечувам различно мислење навлекувајќи општа омраза кон авторот и слично.

 

Се разбира, Малеска е мајстор на перото и е доволно вешта својата критика да ја „завитка“ во прашална форма и да не ги спомне ни моето име, а ниту името на ликот чие „различно мислење“ наводно сум го „сосекол“, обесхрабрувајќи полемика.

Сепак, клучната референца во нејзиниот текст – Шекспир и моето спомнување на општо познатиот факт дека станува збор за светски признат драмски писател – доволно јасно упатува на мојата колумна, во која остро го критикував македономрзецот Бранко Тричковски, за неговото омаловажување на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски и на Горан Стефановски.

 

„Англиската книжевна теорија и критика – пишува Малеска во обид да го ‘демонтира’ мојот аргумент за Шекспир – и понатаму продолжува да негува различни мислења за Шекспир, да овозможува да се анализираат и да се објавуваат и колонијалистичките и расистичките и патријархалните елементи во неговите дела. И никој не мисли дека тоа е удар на англиската книжевност или поткопување на англискиот идентитет… Тоа негување на различни гледишта, меѓу кои и остри критики, никој не го нарекува омаловажување“.

 

Лесно би се согласил со ова гледиште на Малеска, кога ејакулатите од вербалните онании на Бранко Тричковски некој разумен и нормален навистина би можел да ги нарече „мислења“, па макар и неодмерени и претерани. Но, „мислењата“ на македономрзецот се лишени од секаква аргументација, тие се класични навреди, омаловажување и чист говор на омраза.

 

За да ѝ биде тоа појасно на Малеска, ќе се послужам со примерот на „книжевната критика“ со која Бранко Тричковски пишува за македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, чиј автор е нејзиниот дедо Владо Малески. Ако смеам да кажам, познатиот и признат Владо Малески…

Тричковски за оваа песна вели: „Химната е шкрипотина од неподмачката врата која прави проблеми и во соседството!“

 

Ја повикувам Калина Малеска, која и самата е талентирана и веќе проминентна писателка, да се потруди да ги детектира аргументите во „книжевната критика“ на Бранко Тричковски на химната, на делото чиј автор, да повторам, е Владо Малески. Исто така како што ни ги објасни основите за книжевната критика на делата на Шекспир.

 

Јас такви аргументи од македономрзецот немам прочитано.

 

Неговото „мислење“ за химната е брутална и неаргументирана дисквалификација на едно книжевно дело, со елементи на класичен говор на омраза кон авторот Владо Малески.

 

Но, ете, можеби јас не сум во право. Можеби внуката на Владо Малески во Тричковата критика на химната видела аргументи што јас не можам да ги видам. Можеби ќе најде начин да застане на Тричкова страна, наспроти мене и наспроти нас кои си ја сакаме химната и го почитуваме делото на нејзиниот славен дедо.

 

Баш би сакал да го видам и тоа чудо…

Најнови вести од: Македонија

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

Недозволиво е Законот за игри на среќа да се носи набрзина

На дневен ред на пленарна седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината – рече Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Кога Македонија железнички ќе се поврзе со Бугарија?!

Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, изјави вицепремиерот и министер за градежништво Александар Николовски на обиколката на терен од изградбата на втората делница од пругата од Македонија кон Бугарија.

Трипуновски до СДСМ околу барањето за отповик: Изнесувате политички празни измислици без аргументи, а оставивте пустош во земјоделството

Македонскиот аграр конечно се движи во вистинска насока. Крајно несериозно и парадоксално е да поднесувате интерпелација на министер кој ги поправа вашите катастрофални грешки и штети. Наместо да понудите решенија, конструктивна критика и визија, доставувате текст со празни фрази и евтин популизам, воден од теснопартиски интереси, потенцираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. „Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата!“ – им порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на пратениците од опозицијата, кои бараат негов отповик.

Силјановска-Давкова од Софија: Проширувањето на ЕУ мора да се темели врз Копенхагенските критериуми

Проширувањето на Европската Унија мора да се заснова врз Копенхагенските критериуми, а темпото на пристапување да зависи исклучиво од напредокот во спроведувањето на реформите, порача претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Софија, пренесе Македонската информативна агенција-МИА.

To top