Македонија

Јули – месец на рекорди и големи поместувања на крипто пазарот

Јули 2025 беше еден од најсилните месеци за криптопазарот оваа година

Јули 2025 беше еден од најсилните месеци за криптопазарот оваа година, со пораст на вкупната пазарна капитализација од 13,3%. Растот беше поттикнат од тоа што Биткоин повеќепати достигна нови историски врвови,имаше зголемена институционална побарувачка за BTC, ETH и водечки алткоини, сè поголемо прифаќање на дигитални средства во корпоративните биланси и регулаторна јасност, заокружена со усвојувањето на големи американски закони за стабилните коини.

Додека Биткоин се консолидираше на рекордни нивоа, пазарната динамика се префрли кон алткоини, предводени од Ethereum. Растот на ETH беше поттикнат од рекордна 19-дневна серија на позитивни нето приливи во spot ETH ETFs, зголемена институционална активност со фјучерси и акумулација во корпоративните биланси. Во јули, доминацијата на BTC се намали за 5,2%, на 60,6%, додека уделот на алткоини се зголеми за речиси 10% на 39,2%. Овој момент го означи првото големо пренасочување на капиталот годинава, поддржано созголемена подготвеност за преземање ризик, позитивни економски сигнали, очекувања за намалување на каматите стапки од ФЕД и постабилна пазарна средина во споредба со претходно.

ETH забележа одличен месец, со раст од над 50%, додека корпоративните инвестиции во ETH пораснаа за 127,7% на повеќе од 2,7 милиони ETH, што сега претставува 46,5% од целокупната количина на ETH држена во рамки на ETF фондови, со 24 нови компании кои го додадоа во своите биланси. Aналитичарите како главни причини ги наведоа приносите од staking, дефлацискиот механизам на ETH и растечкиот интерес за директна сопственост во однос на вложување преку пасивни ETF средства.

Историскиот GENIUS Act стана закон во САД во јули, создавајќи прва федерална рамка за целосно резервирани, AML-усогласени стабилни коини поддржани 1:1 со готовина или краткорочни државни обврзници. Ова го забрза институционалното усвојување: JPMorgan го прошири својот пилот-проект за депозитни токени, Citi истражуваше токенизирани депозити за прекугранични плаќања, а Visaпотврди планови за продлабочување на интеграцијата на стабилни коини. Ончејн трансферите на стабилни коиниостанаа на рекордни нивоа, продолжувајќи да ја надминуваат мрежата на Visa уште од крајот на 2024 година и зацврстувајќи ја нивната улога како глобални платни канали.

Токенизираните акции исто така нагло пораснаа, достигнувајќи пазарна капитализација од 370 милиони долари, од кои 53,6 милиони долари концентрирани во средства како TSLA и SPY, што претставува раст од 220%во споредба со јуни. Активните ончејн адреси пораснаа од 1.600 на 90.000, одразувајќи ентузијазам сличен на раните денови на DeFi. Централизираните берзи моментално обработуваат над 70 пати поголем обем на тргување со токенизирани акции отколку ончејн платформите. Аналитичарите забележуваат дека ако само 1% од глобалните акции се токенизираат, пазарот би можел да надмине 1,3 трилиони долари, потенцијално градејќи мост помеѓу традиционалните финансии и пазарите потпомогнати од блокчејн технологија.

Со пренасочување на капитал кон алткоини, интеграцијатана ETH во корпоративните биланси и експанзијата на стабилните коини и токенизираните средства, го нагласија созревањето и диверзификацијата на крипто пазарот, со регулаторната јасност како главен двигател на следната фаза од неговиот развој.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: За бубрег чекаат 168 пациенти, а за срце 37 – новиот систем за дарување органи почнува од 1 октомври 2026

Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата.

Обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство: барал 100 илјади евра мито, за да одобри увоз на вештачко ѓубре!

Според неофицијални информации, станува збор за Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие, кој бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Анакиев е на функцијата од јули 2024 година. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

Најнови вести

To top