Македонија

Јахији: Бог нека ја награди нашата драга дијаспора (ВИДЕО)

По обработката на податоците од сите 24 избирачки места, кандидатот Аркин Јахији од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, освои 4.  442 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 4. 177 објави ДИК

Идниот градоначалник на Брвеница, Аркин Јахији,  се обрати по победата и изрази особена благодарност на граѓаните во дијапората кои придонеле за неговата победа.

„Ѝ благодарам на нашата драга дијаспора, која не штедеше ништо. Бог нека ве награди. Ние ќе бидеме вашиот глас во татковината.

Исто така, им благодарам на сите мои соработници, активисти и на жителите на Брвеница – без разлика на религијата, националноста или политичката припадност.

Денес излеговме со кренати глави. Немам зборови да ја опишам оваа емоција“, рече Јахији.

По обработката на податоците од сите 24 избирачки места, кандидатот Аркин Јахији од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, освои 4.  442 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 4. 177 објави Државната изборна комисија (ДИК)на нејзината  веб-страница

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

To top