Македонија

И заменик-министерот Фљакрон Беџети ја напушти владата

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка. „Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се […]

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка.

„Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро“, напиша Беџети во објавата.

Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив.

„Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам“, напиша Беџети.

Заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top