Македонија

ЕВН Македонија и СОС Детско село ја прошируваат соработката за поддршка на младите

ЕВН Македонија и СОС Детско село

ЕВН Македонија и СОС Детско село потпишаа меморандум за соработка за поддршка на деца и млади во социјален ризик. ЕВН ќе обезбеди стипендии за овие млади со цел продолжување на средното или високото образование како и финансиска поддршка на програмите на СОС Детско село за зајакнување на капацитетите и одржливоста. Покрај тоа, стипендистите ќе имаат можност да реализираат практикантска работа и менторска програма во просториите на ЕВН, со што ќе им се помогне да ја градат својата професионална иднина.

„Ова партнерство е одраз на нашата посветеност кон општеството. Инвестирањето во образованието и развојот на младите е најдобрата инвестиција за иднината.“ нагласи Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер.

„Партнерството со ЕВН Македонија се совпаѓа со нашата стратегија за воведување национална програма за млади од ранливи категории. Oва е само почеток на една успешна соработка која ќе придонесе кон посигурна иднина за младите поддржани од СОС Детско село.“ кажа директорката на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо.

„Ја искажуваме нашата искрена благодарност кон ЕВН што ја овозможи оваа соработка и се надеваме дека многу други австриски компании во иднина ќе го следат примерот за поддршка на СОС Детско село и неговата мисија во Македонија.“ рече австрискиот заменик амбасадор, г-дин Матијас Хуменбергер.

Преку меморандумот се официјализира поддршката за програмите на СОС Детско село, каде што се опфатени образовните интереси, како и здобивањето на потребни искуства и вештини насочени кон професионален и личен развој на младите.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top