Македонија Свет

Стејт департмент: Закани кон новинарите и медиумска слобода остануваат сериозен проблем во Македонија

Американскиот Стејт департмент во годишниот извештај за човекови права за 2024 година предупредува дека Македонија продолжува да се соочува со сериозни предизвици во заштитата на слободата на медиумите и правата на новинарите, и покрај уставните гаранции за слободата на говор.

Американскиот Стејт департмент во годишниот извештај за човекови права за 2024 година предупредува дека Македонија продолжува да се соочува со сериозни предизвици во заштитата на слободата на медиумите и правата на новинарите, и покрај уставните гаранции за слободата на говор.

Меѓу најголемите проблеми се издвојуваат заканите и насилството врз новинарите, зголемувањето на SLAPP тужбите, несоодветното однесување на јавни функционери кон медиумите и политичкиот притисок врз уредувачката политика. Како пример, се наведуваат случаите од 2024 година со новинарката Лепа Џундева, која била мета на закани и говор на омраза по интервју со грчки функционер, и физичкиот напад врз новинарот Фуркан Салиу од полициски службеник, за кој е покренато обвинение.

Здружението на новинари на Македонија бележи зголемување на бројот на инциденти, особено на насилство и вознемирување врз новинарки. Организацијата „Репортери без граници“ истакнува дека медиумите работат под силен притисок поради политичката поларизација, додека јавниот сервис сè уште нема целосна уредничка и финансиска независност.

Во извештајот се посочува и на законските измени кои ѝ овозможуваат на владата да финансира медиумски кампањи за теми од „висок јавен интерес“, што според независните медиуми отвора ризик од клиентелизам и влијание врз уредувачката политика.

Стејт департментот нотира и пошироки слабости во владеењето на правото – ограничена примена на механизмите за казнување злоупотреби, ниска доверба во правосудството и недоволна транспарентност во трошењето јавни пари.

Покрај медиумските слободи, извештајот се осврнува и на работничките права, прекумерната употреба на сила од страна на полицијата (37 пријави за седум месеци, од кои три потврдени), раните бракови во ромската заедница и недоволната заштита на бегалците и барателите на азил.

Американската администрација заклучува дека во Македонија постојат системски предизвици кои бараат посилни институции, независни медиуми и транспарентно управување за да се обезбедат владеење на правото и заштита на човековите слободи.

Најнови вести од: Македонија Свет

Светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска грмна во Италија

Уште една светска премиера од плодната соработка на нашиот, а светски тенор Благој Нацоски и композиторката Дарија Андовска. Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие“ од Андовска на деветтото издание на PianoLab фестивалот во Италија. PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, создаден од La Ghironda APS, кој […]

Пари од ЕУ фондови за обнова по пандемијата во Полска се трошеле на јахти и луксуз

Полското министерство за европски фондови прекина секакви плаќања од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори. Оваа одлука следеше откако Иницијатива за транспарентност откри дека парите биле користени за јахти, вотка-барови и компанија регистрирана на истата адреса како и свингерски клуб, објавија локалните медиуми. Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, […]

Вработени на Урологија: Без ајфони можеме, пациентите без клими не можат

Апелираат сите клиники да го следат примерот односно да се откажат од субвенциите за обезбедување нови мобилни телефони и со средствата да го купат тоа што им е неопходно за подобрување на условите за пациентите

Активирана онлајн платформата за доставување идеи за во општина Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски ја активираше онлајн платформата за доставување на идеи – Твоја идеја, наша заедничка иднина каде сите жители ќе може да ги споделат своите предлози, проблеми и визии. – Сподели ја својата идеја за Гази Баба која повеќе не запира! Граѓаните секогаш биле нашата најголема […]

To top