Македонија

ВРЕДИ: Се распаѓа фронтот на Али

Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) веќе не се со ДУИ

ДУИ ја доживува најголемата политичка ерозија од формирањето на т.н. „Европски фронт”. Две од најзначајните партии што на парламентарните избори беа дел од оваа коалиција веќе не се со нив велат од коалицијата ВРЕДИ

На 14 август 2025, Демократската партија на Турците (ДПТ) официјално објави декаја напушта коалицијата „Европски фронт” и дека на локалните избори на 19 октомври нема да настапи со ДУИ. Оваа одлука значи дека турската заедница, која во март 2024 година беше вовлечена во фронтот на Али Ахмети, сега се дистанцира и избира свој пат, велат од ВРЕДИ.

Само еден ден подоцна, на 15 август 2025 ДПА јавно соопшти дека преговорите со Али Ахмети пропаднале и дека ДПА нема да настапи заедно со ДУИ, ниту ќе биде дел од било каков заеднички договор. Со тоа, и една од постарите албански политички партии реши да ја напушти сцената на ДУИ.

„Ова се факти кои покажуваат ДУИ губи поддршка од партиите што ја носеа на парламентарните избори. Веќе е јасно дека ДУИ ниту може да обедини, ниту може да победи.

Од ДУИ бегаат сите кои не се уценети од Али Ахмети, сите кои не сакаат да бидат во друштво на корумпирани политичари и сите кои не сакаат да бидат дел од погрешната политика.

ДУИ одамна го изгуби кредибилитетот кај граѓаните, а сега го губи и меѓу своите партнери. „Европскиот фронт” кој се продаваше како обединувачка сила, денес е симбол на распад, недоверба и политичка слабост“ велат од ВРЕДИ од каде истакнуваат дека уште еднаш потврдува оти иднината е во чесна политика, отвореност и работа за граѓаните, а не во уцени, корупција и лични интереси.

И Мендух Тачи бега од Али Ахмети

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top