Свет

Трамп ќе разговара телефонски со Путин по средбата со Зеленски

Републиканецот рече дека „можеби ќе имаме, а можеби и нема да имаме трилатерален состанок“ со него, Зеленски и Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, три дена откако се сретнаа и по разговорите во Белата куќа со лидерите на Украина и европските сојузници.

„Тукушто разговарав со претседателот Путин индиректно и ќе имаме телефонски повик веднаш по овие состаноци денеска“, изјави Трамп за новинарите додека се среќаваше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.

Републиканецот рече дека „можеби ќе имаме, а можеби и нема да имаме трилатерален состанок“ со него, Зеленски и Путин.

Трамп додаде дека неговата земја ќе биде вклучена за безбедносни гаранции како дел од мировниот договор за ставање крај на војната со Русија.

Во разговор со новинарите во Белата куќа заедно со неговиот украински колега Володимир Зеленски, Трамп рече дека иако европските земји се „првата линија на одбрана затоа што се таму, тие се Европа, ние исто така ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени“.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top