Македонија

Илиевски за Михаилова: На фанфари ја дочекаа добриве соседи, па ќе ја шетаат ко мечката Божана

Не сме чуле дека била дискриминирана бидејќи била Бугарка пред сообраќајката во која има еден загинат, коментира ТВ-водителот

По бегството од Македонија на Ива Михаилова, телевизискиот водител Богдан Илиевски го сподели на Фејсбук своето чувство дека „уживаат во понижувањата кон нас, добрите соседи“.

„Не сме чуле дека била дискриминирана бидејќи била Бугарка пред сообраќајката во која има еден загинат. Е, после сообраќајката – започнала дискриминацијата. И на фанфари ја дочекаа добриве соседи, па ќе ја шетаат ко мечката Божана, ко трофеј, впрочем – ко Кристијан Пендиков пред неколку години, кој исто така пред тепачката не го знаевме ко дискриминиран Бугарин во Македонија. Ко /покојна/ Спаска Митрова пред 20-тина години.

Ова е школски пример за мотивирано расудување. Соседиве прво го поставуваат заклучокот (кој е политички ангажиран и во политичка функција) дека Македонија ги дискриминирала Бугарите (па затоа мора да се во уставот), а потоа ги ангажираат сите расположливи државни ресурси за да измислат аргументи што ќе го потврдат тврдењето. Не тргнуваат од фактите за да дојдат до заклучок, туку тргнуваат од заклучокот и бараат факти што ќе им се вклопат во него.
Утреден дискриминација ќе е славењето на 11-ти октомври. Или евентуалната забрана за славење на 3-ти март, санстефанскиот влажен сон кон Македонија. Чисто да се има предвид. Бидејќи, за жал, имам чувство дека уживаат во понижувањата кон нас, добрите соседи.
И тука се работи народски кажано за нездрава работа. И навистина треба лечење, и тоа точно во Бугарија треба лечење. Ама не за поставената дијагноза во случајот со Ива.
Неа и посакувам добро здравје, ама сценариото се гледа од авион. Дури и од истиот авион со кој дојдоа, го земаа Пендиков и го однесоа во Софија. Ништо чудно деновиве во болница да биде посетена и од Радев и од Јотова. „Спасителите на дискриминираните Бугари од Македонија“ 🙂
Македонија може лекции да држи за почитување човекови права и почитување различности. За разлика од Бугарија која тврди дека Македонци со сопствен идентитет, различен од нивниот, ‘нема и не може да има’“, коментира Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top