Свет

Украина одбила средба Зеленски-Путин во Москва

Советник на украинскиот претседател: Веднаш ја отфрливме поканата

 

Украина веднаш го отфрлила предлогот на рускиот претседател Владимир Путин двајцата лидери да се сретнат во Москва, изјави за Би-Би-Си советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Новинската агенција АФП  претходно објави дека Путин предложил средба со Зеленски во руската престолнина за време на неговиот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател неочекувано му се јави на Путин додека Зеленски сè уште беше во посета на Белата куќа, а била дискутирана и можноста за средба меѓу двајцата лидери.

„Каква реакција очекувате од нас? Тој го кажа тоа, сите веднаш одбија и вчера продолживме понатаму“, одговори Литвин кога беше прашан за извештајот дека Путин предложил самит во Москва.

Вчера имаше непотврдени информации дека како можна локација за средба Путин-Зеленски е – Будимпешта.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

To top