Македонија

Итни и вонредни надзори во приватните болници по изјавата на Кедев

По изјавите на кардиологот Сашко Кедев во емисијата „Стадион“, каде тој, повикувајќи се на своето искуство и искуствата на колегите, истакна дека значителен дел од неговата консултативна работа е посветен на одвраќање на пациенти од непотребни медицински интервенции, Министерството за здравство најави итни мерки.

По изјавите на кардиологот Сашко Кедев во емисијата „Стадион“, каде тој, повикувајќи се на своето искуство и искуствата на колегите, истакна дека значителен дел од неговата консултативна работа е посветен на одвраќање на пациенти од непотребни медицински интервенции, Министерството за здравство најави итни мерки. Со цел да се испитаат овие тврдења, ќе се спроведат итни и вонредни надзори за да се добие целосна слика за евентуалните неправилности.

Министерот за здравство Азир Алиу објави дека комплетната дигитализација на здравствениот сектор, преку системот „Мој термин“, ќе овозможи двонасочна размена на информации меѓу јавните и приватните здравствени установи. Ова, според Министерството, ќе обезбеди поголема транспарентност и ќе помогне во откривањето на можни злоупотреби на системот и финансиските средства.

Министерството нагласува дека медицинските одлуки треба да се базираат исклучиво на клинички индикации и потсетува дека пациентите имаат право на второ стручно мислење. Пациентите се охрабруваат да поставуваат прашања, да бараат појаснувања и да побараат второ мислење доколку имаат сомнежи, што претставува дел од стандардите за добра медицинска практика.

Од Министерството апелираат јавната комуникација за оваа тема да биде одмерена, базирана на проверени информации и без генерализации што го поистоветуваат целиот здравствен систем со поединечни случаи.

„Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотребни интервенции, непотребни стентирања, непотребни операции. Ние во моментот се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции кои што се профит ориентирани. Имаме пролиферација на приватни болници, на кои што интересот им е профитот. Тоа се лесно докажливи работи, ние имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба, имаме докази за тоа. Тоа е фасцинантно нешто, кое што треба релевантните институции да преземат нешто, пред се Министерството за здравство и фондот, бидејќи тие плаќаат некои од овие интервенции. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми, поврзани со профит “ изјави Кедев.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top