Македонија

Мицкоски: Се санира хидросистемот „Ѓавато“ – ќе има вода за Дојранското Езеро

Од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда

Премиероит Христијан Мицкоски, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денеска на лице место ги утврдиле проблемите што со години наназад го попречувале системот кој го полни Дојранското Езеро да работи со полн капацитет.

Премиерот Мицкоски посочи дека голем дел од цевководите биле оштетени и нефункционални, што предизвикувало значителни загуби на вода.

Мицкоски рече дека општествено одговорна компанија веќе пристапила кон санација на цевките и дека се очекува во наредните денови тие да бидат целосно санирани, што ќе овозможи зголемување на количината вода која се носи до резервоарот и понатаму во Дојранското Езеро.

Како што рече, од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда, додека останатите не се во функција.

Планот на Владата е најскоро време да се оспособат уште четири пумпи, а потоа и дополнителни две, со што ќе се достигне целосниот капацитет на системот.

„Со тоа не само што ќе се подобри состојбата со Дојранското Езеро, туку ќе се помогне и на земјоделците и на граѓаните во регионот кои во одредени периоди од годината зависат од овој водовод,“ рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски најави и поставување на соларни панели и батериски системи со вкупна моќност од околу 2 мегавати, со што ќе се намалат огромните месечни трошоци за електрична енергија, кои сега изнесуваат околу 200.000 евра.

Според него, ова ќе значи заштеда од приближно 2,5 милиони евра годишно, пари кои ќе се користат за одржување на хидросистемот.

„Пристапуваме системски, со цел Ѓавато да стане целосно оперативен и функционален во најскоро време,“ истакна премиерот, додавајќи дека години наназад апелите на вработените не биле слушнати од претходните власти.

Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. беше рестартиран минатиот ноември по тригодишно нефункционирање.

Хидросистемот „Ѓавато“ е изграден во 2002 заради полнење на Дојранското Езеро и да се спречи еколошка катастрофа.

Во 2022, поради високите сметки за електрична енерија системот беше исклучен.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top