Хроника

Драма на лет од Фиренца до Лондон

Драма на лет од Фиренца до Лондон.

en.wikipedia.org/wiki/British_Airways

Дваесет патници на „Бритиш ервејс“ биле принудени да го напуштат летот од Фиренца за Лондон поради прекумерната тежина на авионот, што го спречувала полетувањето.

Високите температури од 35 степени предизвикале поредок воздух, што барало дополнително гориво за авионот, а со тоа и намалување на бројот на патници.

„Пилотот објасни дека поради екстремната топлина, некои патници мора да го напуштат авионот. Температурата беше околу 35 степени, а за ефикасно функционирање на моторот беше потребно повеќе гориво. Првично, персоналот рече дека 36 лица треба да излезат, но на крајот околу 20 го сторија тоа“, изјави еден од патниците.

Авиокомпанијата упати извинување и ги пребукира патниците на други летови.

„Кратката писта на аеродромот, во комбинација со високите температури, влијае на воздушниот притисок, па затоа тежината на авионот мораше да се намали. Се извинуваме за предизвиканите непријатности. Нашите тимови работат на тоа патниците што поскоро да стигнат до своите дестинации“, изјави портпарол на „Бритиш ервејс“.

Експертите укажуваат дека климатските промени ќе ги зачестат ваквите ситуации, што може да доведе до поскапи летови кон јужна Европа во иднина.

Најнови вести од: Хроника

Обвинителството врши обемна и финансиска истрага на „Комуналец“ од Гостивар

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува. Обвинителството побарало обемна финансиска документација од повеќе институции, се дознава од извори, вклучени во истрагата.

Претседателот на Стоматолошко друштво на Албанците зел мито, за да „положи“ лекарка стручен испит!

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“.

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

To top