Хроника

Македонија со помалку убиства отколку некои членки на ЕУ

Во 2024 година стапката на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, e повеќе од двојно помалку од Литванија, Летонија и Естонија

 

Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.

Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.

Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.

Тренд на намалување во изминатата деценија се бележи и во Македонија, која во 2014 имала 1.21 убиство на 100.000 жители наспроти сегашните 1,10. МИА

Најнови вести од: Хроника

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top