Бизнис

(Видео): За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, патна инфраструктура

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, смета дека ова е проектот кој недостасуваше 30-тина години во Македонија. Се надева дека овој проект ќе продолжи и понатаму и сериозно ќе се гради и менува државата како што тоа се прави во моментов.

За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура, рече во обраќањето на панел-дискусијата – 600 милиони евра за развој и локален прогрес имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека има огромна разлика од минатото и сега, каде општините не добивале поддршка од централната власт за капитални проекти а сега со промена на власта се инвестира подеднакво во сите општини, без поделба.

  • „Како што кажа министерот Перински 1200 проекти се проекти кои содржат техничка документација којашто во најголем дел беше изработена години наназад, но поради немање на финансии во минатото општините не можеа да ги реализираат, ова е проект кој наиде на позитивни реакции кај сите граѓани. За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад не се делат општините, инвестициите стигаат до секое населено место, за прв пат во историјата на Република Македонија наеднаш се градат толку многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, рече Ѓорѓиевски.

Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски вели дека е значајно што се инвестира во сите општини, проект којшто се случува за прв пат во историјата на државата, при што секој градоначалник според потребите на граѓаните така и ги насочува средствата во својата општина.

  • „Сметам дека ова е проектот кој недостасуваше 30-тина години во Македонија. Се надевам дека овој проект ќе продолжи и понатаму и сериозно ќе ја градиме и менуваме државата како што тоа го правиме во моментов сега“, вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Бизнис

Музиката, винилот и врвниот звук на едно место: Утре во Diamond Mall се одржува Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема

Во текот на целиот ден, почнувајќи од 10.00 до 22.00 часот, посетителите ќе можат да истражуваат богата понуда на винилни плочи, компакт дискови, музички сувенири, ретки и колекционерски изданија, како и аудио опрема

УЈП и Шведската даночна администрација одржаа прв состанок на заедничкиот проект за модернизација

Според УЈП, проектот претставува значајна поддршка за спроведување на стратешките реформи на УЈП и е директно поврзан со реализацијата на стратешките иницијативи „Премин во дигиталниот свет“ и „Силна администрација – здрава кондиција“. Преку трите компоненти – модернизација на деловните процеси и дигитализација, внатрешно управување и човечки ресурси, како и комуникација и управување со промени, проектот ќе придонесе за понатамошно јакнење на институционалните капацитети и трансформација на даночната администрација.

Славески-Желињски: Продлабочување на соработката за одржливиот економски развој и финансиската вклученост

Гувернерот Славески ја истакна и поддршката што ЕБОР ја обезбедува за финансирањето обновливи извори на енергија во земјава, како придонес за јакнењето на енергетската сигурност во земјава. На средбата беше потврдена заедничката подготвеност за понатамошно продлабочување на институционалната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста и стабилноста на финансискиот систем.

Славески од Приштина: Финансиската стабилност мора да остане приоритет во дигиталната ера

Гувернерот посочи дека криптосредствата и дигиталните пари сè повеќе стануваат дел од современиот финансиски систем. Нивниот потенцијал за иновации е значителен, но нивниот развој мора да биде придружен со соодветна регулатива, ефективен надзор и внимателно управување со ризиците.

Митреска: За побрз и поодржлив раст потребни се поголема продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

Македонската економија и натаму е силно интегрирана со Европската Унија, каде што се пласираат 76% од домашниот извоз, Германија учествува со околу 40% во вкупниот извоз. Оваа интеграција донесе значителни придобивки преку странските директни инвестиции, трансферот на технологии и повисоката додадена вредност во извозот, но истовремено ја нагласува потребата од понатамошна диверзификација на извозната структура и инвестициските текови.

To top