Македонија

Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси

Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси

Малите и средни претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој, порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на Конференцијата

„Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, која што деновиве се одржува во Будва. Во рамки на Конференцијата заменик-министерот Ристески учествуваше на панел-дискусија на тема „Одржливост и отпорност на малите и средните претпријатија“ со фокус на политиките кои ја поддржуваат зелената транзиција, ефикасното користење на ресурсите, пристапот до одржливото финансирање и соработката на науката со бизнисот за раст и развој на малите и средните претпријатија.

– Научното истражување и бизнисот не треба да се третираат како одвоени категории, тие мораат да имаат поголема соработка, а истражувањето мора да се користи како директна алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси. Најголемата можност за посилна соработка помеѓу истражувањето и бизнисот е трансформирање на постојното знаење и стратегии во реална, практична иновација што малите и средните претпријатија навистина можат да ја користат – кажа Ристески.

Тој додаде дека Владата формира стратешката рамка како основа, која се состои од Националната развојна стратегија, Стратегијата за МСП, Стратегијата за паметна специјализација и Патоказот за циркуларна економија развиен со ОЕЦД, и дека токму оваа основа рамка е патоказот на идните политики за развој на малите и средните претпријатија во Македонија.

– Во рамки на министерството за економија и труд ја изготвивме Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030 година, стратегија која ги поврзува сите области – конкурентноста, иновациите, зелената транзиција, вештините и отпорноста. Ова обезбедува сите наши планови и инструменти за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија да не бидат изолирани, туку дел од координиран политички систем – додаде Ристески.

Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“ е организирана од Организацијата за економска соработка и развој (OECD), а на истата учество зедоа министрите одговорни за развој на бизнисот, конкурентност и економски прашања на земјите од Западен Балкан и Турција, земјите-членки на ОЕЦД и ЕУ, Европската комисија, како и претставници од меѓународни и регионални партнерски организации.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

To top