Македонија

Губеле и по 20 илјади евра, лична исповед за измамата од која настрадаа илјадници Македонци

Избрзале од неколкуте „бесплатни“ кафиња и ИЗРЕНТАНА ЈАХТА ВО МОНАКО

Во лична исповед инфлуенсерот познат како Боемот 2.0 раскажува за измамата од која настрадаа илјадници Македонци.

Некои од наивните македонски граѓани во надеж дека брзо и лесно ќе се збогатат губеле и по 20 илјади евра.

Целата исповед на Боемот 2.0:

MyWorld пропадна, пред пропаѓање и Лајконет – еве ја мојата лична приказна

 

Имав 18 години кога седев на игралиште пред зграда, а постарите „батковци“ ме убедуваа дека ако вложам 450 евра во Лајонес, за 5 години ќе возам Ферари. Низ годините станаа досадни, едвај чекаа да најдат нова жртва и да зборат дека треба да го препознаеме „бизнисот на иднината“. Ферарито никогаш не го купија, но и да се случеше тоа немаше кој да им се качи во него бидејќи беа КРЛЕЖИ.

 

Поминаа не 5, туку 7 години. Лајонес се прекрсти во Лајконет, како дел од MyWorld. MyWorld пропадна, а Лајконет пред колапс. На 18 години можеби бев наивен, но не и глуп. Знаев дека „минимална нарачка“ од 100 евра месечно не е ништо друго освен членарина. Знаев дека главниот приход не е од продажба, туку од регрутирање, а тоа е НЕФУНКЦИОНАЛНО на долг рок.

 

„Шопинг поените“ и „cloud пакетите“ беа како празни школки на брег – убаво личат, а внатре нема ништо. Бизнисите се повлекоа, клиентите изгубија доверба, а ветената „финансиска слобода“ се претвори во кредити кои ќе се враќаат со години. Само малкумина на врвот заработија, додека илјадници изгубија илјадници евра. Од Македонија, според неофицијални информации, биле изнесени 50 МИЛИОНИ ЕВРА!?

 

За имиња не би сакал да коментирам, тоа нека биде работа на Обвинителството. Некои го обвинуваат Зоран Витанов, но веројатно извесен Радован Витошевиќ од Скопје е повиновен од Витанов. Не го амнестирам ни него од одговорност бидејќи ВЕТУВАШЕ БРДА И ДОЛИНИ, а не излезе ништо.

 

Мене ми е жал за ЧЕСНИТЕ ЛУЃЕ кои со избрзани одлуки изгубија пари. Познавам личен пример кој изгоре 20.000 евра. Избрзаа од неколкуте „бесплатни“ кафиња и ИЗРЕНТАНАТА ЈАХТА ВО МОНАКО.

 

НА ТЕМАВА МОЖАМ ДА ЗБОРУВАМ БИДЕЈЌИ И ЈАС РАБОТАМ МУЛТИ ЛЕВЕЛ МАРКЕТИНГ, НО РЕАЛЕН. Мулти-левел маркетинг со вистински производ – алое вера. Компанија што 47 години опстојува, со физички производ и, најважно, без месечна членарина. Тоа е разликата меѓу реален бизнис и илузија.

 

Еден народ што повеќе се лаже со „брза заработка“, толку повеќе е финансиски неписмен. Брза заработка не постои. Памет во глава – ниту Лајонес, ниту Конти, ниту Кабошон не може да ве крене од калта, туку само напорна работа!

 

Боемот 2.0

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Со поддршка на Владата бројни проекти се завршени или се спроведуваат во општините

Тоа е една огромна поддршка којашто Владата ја дава, но она што мислам дека е доста значајно е соработката со градоначалниците затоа што многу ингеренции се испреплетуваат

To top