Македонија

Македонски активист од Бугарија со нов неуспешен обид за регистрација на ОМО „Илинден“

Борислав Божинов, македонски активист од селото Крумово до аеродромот во Пловдив, на 13 мај имал уште еден неуспешен обид за регистрација на ОМО „Илинден“ во Бугарија, објави Ицо Најдовски-Перин, новинар и активист на македонската заедница во Австралија. „Уште еден обид за регистрација на здружението ‘Обединета Македонска Организација – Илинден’ во Пловдив беше спречен. Македонскиот активист […]

Борислав Божинов, македонски активист од селото Крумово до аеродромот во Пловдив, на 13 мај имал уште еден неуспешен обид за регистрација на ОМО „Илинден“ во Бугарија, објави Ицо Најдовски-Перин, новинар и активист на македонската заедница во Австралија.

„Уште еден обид за регистрација на здружението ‘Обединета Македонска Организација – Илинден’ во Пловдив беше спречен. Македонскиот активист Борислав Божинов од Крумово повторно достави документи до Агенцијата за регистрација со барање за формирање организација за заштита на правата на Македонците во Бугарија.

Да потсетиме дека минатите години Борислав Божинов направи неколку обиди да ја регистрира ОМО ‘Илинден’, но секогаш наидуваше на институционален отпор. Во 2023 година судиите дури и посочија дека треба да се отфрли поради премисата за кршење на Уставот, бидејќи одредбите од Статутот сугерираат дискриминаторски третман на одредени етнички групи од страна на државата и создаваат предуслови за поделба на нацијата. Во оваа фаза, тој организирал македонски клуб кој ќе биде сместен во дворот на неговиот дом, но не е јасно дали некој е член на него, пишува во одлуката на Судот“, напиша Најдовски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Како Јакимовски стана сопственик на две парцели за една година?

Марија Митева од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави низа сериозни, јавни и суштински прашања што бараат итни и транспарентни одговори од градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски

Вработените од „Паркови и зеленило“ пак најавуваат блокада на крстосница на „Илинденска“

Тие веќе 14 дена немаат плата за септември, а не им се исплаќа и јубилејна награда, регрес за годишен одмор, отпремнина пред одење во пензија и новогодишен додаток. Најавуваат дека протестот ќе трае секој ден, од 9 до 11 часот, на крстосницата на „Илинденска“ и улицата „Никола Тесла“

Андоновски: Дигитализацијата е мост кон одржлива енергетска иднина

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамките на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје.

To top