Македонија

ЦУК: Три пожари се ставени под контрола , а останатите изгаснати

Денеска до 18 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 10 пожари на отворено.

Денеска до 18 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 10 пожари на отворено. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), моментално нема активни пожари, три се ставени под контрола, а останатите се успешно изгаснати.

Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во подрачјето на „Јасен“ е зафатена мешана шума, додека на планината Кожуф е регистриран приземен пожар. Мешана шума е опожарена и во околината на селата Долгаец и Стровија.

Пожарите што се изгаснати се случиле во регионите на општините Брвеница, Врапчиште, Гази Баба, Долнени, Куманово, Прилеп и Струга.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top