Свет

Младите Украинци ќе може да излегуваат од земјата

По почетокот војната во 2022 година, беше прогласена воена состојба, која им забранува на мажите на возраст од 18 до 60 години да патуваат во странство без посебна дозвола од воените власти

Украинската премиерка Јулија Свириденко објави дека владата дозволила непречено патување во странство за мажи на возраст од 18 до 22 години.

„Ова важи за сите граѓани на соодветна возраст“, ​​изјави Јулија Свириденко, јави АФП.

Таа додаде дека одлуката важи и за граѓаните кои „од различни причини се во странство“.

Според неа, новиот режим на гранични премини ќе стапи на сила следната недела, откако ќе биде објавена соодветната владина уредба.

Кон средината на август, украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди да се олесни патувањето во странство на мажи на возраст од 18 до 22 години, бидејќи тоа „ќе им помогне на многу млади Украинци да ги одржат врските со Украина и да се реализираат во Украина – првенствено во областа на образованието“.

По почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година, во Украина беше прогласена воена состојба, која им забранува на мажите на возраст од 18 до 60 години да патуваат во странство без посебна дозвола од воените власти.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top