Македонија

Обвинетиот за палењето на бугарските дипломатски возила призна вина

Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив – изјави обвинетиот пред судот

Обвинетиот за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје на денешното судско рочиште ја призна вината за делото што го стори на 15 јуни годинава.

– Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив – изјави обвинетиот пред судот.

Станува збор за 44-годишниот скопјанец, кој на 15 јуни 2026 година, околу 12:05 часот, запали две дипломатски возила паркирани пред Амбасадата на Република Бугарија, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

Според информациите изнесени на рочиштето, обвинетиот во моментот на извршување на делото носел маица со ликот на Гоце Делчев.

На денот на инцидентот тој излегол од својот дом и со автобус пристигнал во центарот на Скопје. На бензинска пумпа на „Макпетрол“ во близина на амбасадата наполнил бензин во пластично шише, по што ја преминал улицата и се приближил до паркираните дипломатски возила. Ги полеал со бензин, ги запалил со запалка и веднаш го напуштил местото на настанот.

Опожарените возила ги користеле военото аташе на Бугарија и други вработени во дипломатското претставништво. Инцидентот предизвика реакции во јавноста, а полицијата истиот ден го идентификуваше и го приведе осомничениот.

Првично, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривичното дело Предизвикување општа опасност. По дополнителните сознанија предметот беше преземен од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое на 16 септември поднесе обвинителен акт за кривичното дело Загрозување лица под меѓународна заштита.

Следното судско рочиште е закажано за 11 ноември.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка […]

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top