Македонија

Каде исчезнаа 200 илјади Македонци во западна Бугарија од 1956 до 1965 година, праша Мицкоски пред Калас (ВИДЕО)

Објаснувајќи ја потребата македонската и бугарската страна да ги соочат аргументите на претстојниот самит на НАТО во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски го спомена и „исчезнувањето“ на Македонците од западниот дел на Бугарија на пописите по 1956 година. „За жал, има сили во регионот коишто сакаат да рефлектираат нестабилност. Затоа, кога ќе ги имаме сите аргументи […]

Објаснувајќи ја потребата македонската и бугарската страна да ги соочат аргументите на претстојниот самит на НАТО во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски го спомена и „исчезнувањето“ на Македонците од западниот дел на Бугарија на пописите по 1956 година.

„За жал, има сили во регионот коишто сакаат да рефлектираат нестабилност. Затоа, кога ќе ги имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок, тоа би било многу добро да се слушне. На крајот од денот, ние сите треба да седнеме и да ги слушнеме аргументите. Можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи коишто досега не сме ги знаеле. Каде исчезнаа, да речеме, 200 илјади Македонци во западна Бугарија од 1956 до 1965 година“, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција по средбата со високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас во Скопје (на линкот по 20:40 минути од почетокот на видеото).

На пописот од 1956 година во Бугарија како Македонци се изјасниле 187.789 лица или 2,47 проценти од вкупното население од 7.613.109 луѓе. Само во Пиринска Македонија, пак, Македонци се пишале 178.862 лица или 63 отсто од целокупното пиринско население од 281.015 жители.

Но, на следниот попис од 1965 година бројот на Македонци во цела Бугарија се свел на 8.750.

Најнови вести од: Македонија

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top