Регион

На Бугарија и се уарни, по ветото за Македонија блокада за уште една кандидатка

Двете земји успешно издејствувале отстранување на формулацијата која предвидуваше отворање на преостанатите преговори за членство „што е можно поскоро“.

Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на брзата интеграција на Украина во Европската Унија, барајќи измена на клучните нацрт-заклучоци на тековниот самит на европските лидери во Брисел.

Бугарија и Унгарија координирано ја кочат евроинтеграцијата на Киев.

Според дипломатски извори од Брисел, националните делегации на Софија и Будимпешта инсистирале нацрт-документот од самитот, кој се одржува на 15 и 16 октомври 2026 година, да биде изменет.
Во првичната верзија на документот од 13 октомври стоеше дека Европскиот совет очекува отворање на преостанатите преговарачки кластери со Киев „што е можно поскоро“, но во финалната верзија по притисокот од двете земји оваа реченица е целосно избришана.

Софија и Будимпешта бараат процесот да се води строго според претходните заклучоци од јуни и врз основа на индивидуални заслуги, со што се отстранува секаков притисок за вештачко забрзување на роковите.

Оваа блокада доаѓа како изненадување за Брисел, со оглед на тоа што само неколку дена претходно, на 13 октомври, беа официјално отворени два нови преговарачки кластери за Украина, откако Унгарија првично се откажа од нивно блокирање по преговорите за малцинските права. Новиот потег на Будимпешта, овојпат поддржан и од Бугарија, јасно става до знаење дека патот на Киев нема да оди мазно.

Новите измени директно го зафаќаат и пристапниот процес на Молдавија, чиј напредок во европските документи е правно и политички врзан со украинскиот пакет.

Дополнително, во нацрт-заклучоците се внесени измени кои се однесуваат на:

• Безбедноста во Црното Море која е критична по неодамнешните воени инциденти и напади со дронови врз трговски бродови близу бугарскиот брег.

• Прашањето за долгорочната финансиска помош и можната употреба на замрзнатите руски средства е одложено за наредниот период, што остава простор за нови уцени и дипломатски пазарења.

Аналитичарите коментираат дека со овој чекор, Софија и Будимпешта испраќаат јасна порака до останатите членки на Унијата дека нема да се откажат од правото на вето како моќна алатка во надворешната политика, без оглед на притисоците од големите европски сили како Франција и Германија за воведување на т.н. „конструктивна воздржаност“.

Најнови вести од: Регион

Студентка насилно одведена од неидентификувани лица за време на протестите во Тирана (ВИДЕО)

Протестите во Албанија веќе предизвикаа десетици повредени и уапсени, а меѓународните медиуми известуваат за најголемиот предизвик за владата на Рама во последните години.

Факт е дека Ива Михајлова избегала од правдата во Македонија

Секој разумен човек ќе се согласи дека тоа што некој е Бугарин не значи автоматски дека е виновен, но исто така не значи автоматски ниту дека е невин! Така ли е?! Или… сè додека Бугаринот е во Македонија, тој е секогаш во право и е невин?!

To top