Македонија

Директорот на ДЗС повторно се сомнева дека дел од пожарите се подметнати

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, извести дека за дел од пожарите постојат сомневања дека се намерно подметнати.

Поради невремето проследено со силен ветар кој го зафати скопскиот регион попладнево истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од поголемиот дел на градот Скопје и предизвикаа вознемиреност помеѓу граѓаните.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, извести дека за дел од пожарите постојат сомневања дека се намерно подметнати.

  • „Во периодот додека беснееја овие пожари на отворен простор, во регионот на аеродромот Скопје дуваше силен ветар проследен со силен дожд поради што ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување како и армискиот хеликоптер иако беа во состојба на готовност не можеа да полетаат и да дадат подршка на пожарникарите“, вели Ангелов.

Пожари избија на следните локации: Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно, беше зафатена ниска вегетација и мешана шума. Во општина Карпош кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација), во општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево ниска вегетација и мешана шума, во општина Бутел, кај последна 57 (ниска вегетација) и во општина Гази Баба, с. Инџиково гореше трева и ниска вегетација.

Сите пожари се изгаснати или ставени под целосна контрола.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top