Македонија

Време е за прочистување на безбедносните служби, порача Ковачки

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, член на собраниската комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), остро реагираше на откритијата за сериозни злоупотреби во АНБ за време на претходното раководство.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, член на собраниската комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), остро реагираше на откритијата за сериозни злоупотреби во АНБ за време на претходното раководство.

Ковачки изрази разочарување од молкот на претседателот и заменикот на собраниската комисија, јавниот обвинител, народниот правобранител, невладините организации и здруженијата за човекови права во врска со овие скандали. Според него, ова укажува на „скриени сили“ кои управуваат од заднина, и покрај очигледните прекршувања на Уставот, законите и меѓународните конвенции.

„Потребен ни е искрен и темелен процес на прочистување од старите практики што се користеле за уценување на опозицијата, лично богатење и партиски цели. Одговорните, вклучително и нарачателите, мора да се соочат со правдата“ нагласи Ковачки.

Тој тврди дека „остатоци од југословенските структури и нивните следбеници“ сè уште го попречуваат функционирањето на службите и повика на нивна трансформација во институции што ќе ги штитат државата и граѓаните, наместо да служат за политички притисоци.

„Овие тешки злоупотреби се правени во период кога Македонија веќе беше членка на НАТО, а во исто време во Алијансата се брифирало дека лидер на опозицијата крои заговори,“ истакна Ковачки, додавајќи дека ваквите постапки го нарушиле угледот на државата.

Тој го обвини обвинителството дека „спие и тогаш и сега“ и постави прашање дали некој ќе се извини за нанесената штета врз угледот и достоинството на поединци и институции.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top