Македонија

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Ова највисоко британско признание за документаристика Котевска го доби за нејзиниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), продукција на National Geographic Documentary Films и Dogwoof. Со оваа победа на свечената церемонија во Лондон, македонскиот филм триумфираше во најсилната кино-категорија, уште еднаш потврдувајќи го светскиот квалитет на домашната авторска кинематографија и го зацементира документарниот филм “Приказната за Силјан“ како најуспешен документарен филм за 2026 година.

Наградите „Гриерсон“, основани во чест на таткото на документарниот филм Џон Гриерсон, се најстарите и најугледни награди за документарен филм во Велика Британија. Титулата „британски Оскар за документарци“ ја носат поради нивното огромно влијание во филмската индустрија и фактот што победниците редовно се вбројуваат меѓу главните фаворити за наградите БАФТА и американскиот Оскар.
Овој триумф во Лондон доаѓа по историскиот успех со „Медена земја“ и неодамнешното освојување на „Зелениот Оскар“ (Wildscreen Panda Award), со што Тамара Котевска и „Приказната за Силјан“ бележат незапирлива низа од победи на најголемите светски филмски сцени.

Со ова признание, Котевска се впишува во друштво на најголемите светски документаристи и филмски великани кои претходно ја освоиле истата награда, меѓу кои се оскаровците Асиф Кападија (Amy, Senna), Алекс Гибни, Кевин Мекдоналд, култните автори Вернер Херцог, Луј Теру и сер Дејвид Атенборо, како и тимовите зад оскаровските триумфи „Без друга земја“ (No Other Land), „За Сама“ (For Sama) и „Сè што дише“ (All That Breathes).

Режисерката изјави: „Вредноста на „Приказната за Силјан“ продолжува да се потврдува и по цела една година исполнета со награди, а ние очекуваме уште многу нови признанија и во наредниот период. Искрено, немам и што повеќе да кажам со зборови, освен дека овој филм го носи моето срце и целата моја страст кон седмата уметност.“

Најнови вести од: Македонија

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Најнови вести

To top